Јокиќ во првата, Леброн дури во третата најдобра петорка во НБА

Одличните настапи во текот на целата сезона му овозможија на Никола Јокиќ за првпат да биде избран и во најдобрата петорка на НБА-лигата. Српскиот центар имаше незаборавна сезона во дресот на Денвер, па заслуженос е најде меѓу најдобрите пет играчи, рамо до рамо со Јанис Адетокумбо, Џејмс Харден, Пол Џорџ и Стеф Кари.

Во втората најдобра петорка на лигата се најдоа центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, крилните кошаркари Кави Ленард и Кевин Дурант и бековите Демијан Лилад и Кајри Ирвинг.

Леброн Џејмс имаше катастрофална прва сезона во дресот на ЛА Лејкерс, па суперѕвездата неслучајно се најде само во третата петорка, далеку зад елитата. Друштво на „Кралот Џејмс“ му прават Руди Гобер од Јута, Блејк Грифин од Детроит и Рассел Вестбрук (Оклахома Сити тандер) и Кемба Вокер од таборот на Шарлот.

Се вчитува...