Српскиот центар Никола Јокиќ со фантастична игра во второто полувреме во мечот со крајно напната завршница донесе победа за Денвер од 107-106 против Лука Дончиќ и Далас.
Во балканското НБА дерби на Западот, Денвер победи само благодарение на Јокиќ кој од вкупно 33 свои поени на мечот, дури 27 ги постигна во второто полувреме, од кои четири клучни коша за пресврт и победа во самата завршница.
Денвер на една минута и 55 секунди до крајот имаше предност од 101-106, за да потоа следи пресвртот кој го реализираше Јокиќ. На седум секунди пред сирената Србинот донесе водство и победа за Денвер.
Nikola Jokic drops 33 PTS and wins it late for the @nuggets! pic.twitter.com/XSVtfFOiaK
— NBA (@NBA) January 9, 2020
Дончиќ, пак, на крајот ги промаши двата свои обиди кои можеа да донесат победа за Далас. Дончиќ мечот го заврши со 27 поени, 10 скока и девет асистенции, но интересно без поен во последниот период од играта.
Во останатите натпревари Сан Антонио славеше на гости против Бостон со 114-129, Торонто по продолжение беше подобар од Шарлот, а Мајами на гости ја победи Индијана со 108-122. Орландо беше поуспешен од Вашингтон победувајќи со 123-89, Хјустон на гостински терен славеше против Атланта со 115-122, Њу Орлеанс го победи Чикаго со 123-108 а Јута беше подобра од Њујорк со 128-104. Милвоки славеше на гостински терен против Голден стејт со 98-107.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА