Јокиќ за триумф на Денвер, Леброн и Дејвис за шампионски ритам на Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа 24 победа сезонава, седма последовна и 14-та на гостински терен и суверено го држат врвот на Западната конференција. Славеа очекувано над Атланта со 96-101, а повторно доминатен беше тандемот Леброн Џејмс-Ентони Дејвис. Тие станаа првите соиграчи во НБА историјата што успеале секој посебно да постигна плус 400 поени во првите 15 гостински натпревари од сезоната. Џејмс постигна 32 поени и 13 скока, Дејвис заврши со 27 поени и 13 скока. Кај Атланта, вообичаено прв стрелец беше Тре Јанг со 30 поени.

Денвер се провлече во средбата со Њујорк откако водеше 20 плус, губеше пет во завршниот сегемнт, но сепак славеше 111-105 за трета последовна победа со која има ефект 17/8 и останува во тесна битка со Далас и со Хјустон за позициите од три до шест во Западната конференција. Никола Јокиќ беше најзаслужен за победата, постигна 25 поени, имаше и 10 скока и пет асистенции. Го следеше Вил Бартон со 16 поени.

Со 25 поени и шут 9/11, Богдан Богдановиќ го предводеше Сакраменто до триумфот од 79-100 на гостувањето кај Голден Стејт. „Кралевите“ рано воспоставија контрола над резултатот, на влезот на последниот период водеа и со плус 25 и победата во ниту еден момент не им беше доведена во прашање. Сакраменто ја забележа четвртата победа на последните пет натпревари, има вкупен биланс 12-14 и е на седмото место ов Западната конференција. Голден стејт има очајни 5-23 и е последен на Запад.

 

 

 

Бруклин ја прекина серијата на Филаделфија од пет победи по ред. Предводен од Спренсер Динвиди славеше со 109-89 во натпреварот кој кој до клучната предност дојде на финишот од третиот период кога поведе со 81-64. До крајот Филаделфија не пронајде одговор. 14-12 е билансот на Бруклин доволен за седмата позиција во Источната конференција, Филаделфија е со 20-8, третопасирана на Исток.

 

 

 

Се вчитува...