Литванскиот центар Јонас Валанчиунас се враќа во европската кошарка по 14 години! Според информациите на литванските медиуми, еден од најдобрите литвански кошаркари потпишал двегодишен договор со Жалгирис Каунас, а преостанува само клубот официјално да го објави тоа.
„На 7 јули, Денвер Нагетс се откажаа од правата врз литванскиот центар и го пуштија на пазарот, а бидејќи во следните два дена ниту еден тим не сакаше да го преземе неговиот договор вреден 10 милиони долари, тој стана слободен агент без ограничувања“, пренесуваат медиумите од Литванија.
Интересно е што Валанчиунас, кој до неодамна беше соиграч на Никола Јокиќ, на почетокот на својата кариера настапуваше за Литувос Ритас од Вилнус, најголемиот ривал на Жалгирис.
Тој постигна многу за време на својот престој во НБА. Литванецот има (12.846 поени) и 9.000 скокови за време на кареирата во НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
