Јонут Раду, сепак, ќе биде во составот на Романија против Македонија

Голманот на Интер, Јонут Раду сепак вечерва ќе се приклучи на романската репрезентација и ќе биде на располагање за квалификацискиот натпревар против Македонија во четврток на Националната арена во Букурешт.

Раду, најпрво мораше да биде во изолација со наредба од здравствените власти на Ломбардија, поради позитивни случаи кај соиграчи од Интер. Но, сега таа одлука е промената. Раду со негативен ПЦР тест ќе може да го напушти карантинот и да се приклучи на националниот тим за мартовските квалификациски натпревари.

Се вчитува...