Во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ гостин е поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз кој меѓу бројните теми се осврнува и на лошиот старт на македонската репрезентација под водство на Гоце Седлоски во Лигата на нациите.
Македонија стартуваше со четири порази во Лигата на нациите, но она што вистински загрижува, според Јонуз, е играта на националниот тим, повеќе отколку самите резултати. Јонуз вели дека Седлоски од сите има поддршка од сите страни, како никогаш досега, најмногу секако од ФФМ која ги овозможи сите услови на највисоко ниво за репрезентативците, но тие не возвраќаат на најдобар начин, на оправдувајќи ја довербата на ФФМ.
„Фудбалската федерација на Македонија на чело со Масaр Омерагиќ, треба да се види дека ги направи сите предуслови, за да репрезентативците ги имаат сите најдобри услови за работа.., и со целокупна организација, авиони, сместување, хотели, карантини…, сè, сè е обезбедено на највисоко ниво. Значи таа страна мора да ја елиминираме како некаков проблем, и мора да кажеме дека е направено сè. Вториот сегмент е дека овој неуспех сега што го имаме не е од сега. Тоа почнало кога веќе игравме со Велс и загубивме со 7-1, и така, и така, и така, така, и тогаш ФФМ реагираше. Значи оваа генерација веќе требаше да се поднови тогаш, а не сега да викаме дека е подмладување. Во сениорски тим нема подмладување. Во сениорски тим има, и најмладиот и најстариот, се најдобрите коишто треба да ги одбереш да играат во репрезентација“ – вели Јонуз.
За актуелната негативна низа на Гоце Седлоски кој осум меча чека победа и постигнат гол на репрезентацијата….
„Колку што гледам има проблем во самата игра, во самиот концепт, во самата тактика. Дали сака да спроведе некоја негова тактика или не, ама тоа ќе се одрази на него. Од другата страна, ФФМ, Фудбалската федерација на Македонија му ги има дадено сите ресурси. Доверба, поддршка. Ваква поддршка немал Пикси Стојковиќ, да речеме, немал поддршка… Еве му даваат целосна поддршка, застанаа зад него, но резултатите не се според очекувањата“.
Јонуз се осврнува и на долгорочниот проблем околу изборот на репрезентативен потенцијал кој е скромен.
„По мое, грешката е во клубовите и во селектирањето на нови генерации. Сега ќе видиме како ќе почне Христов да ја создава таа млада селекција, колку играчи ќе може да ги селектира заедно со сите тие играчи и да видиме, сега со новиот сектор за скаутирање во ФФМ, кој од некои наши млади фудбалери може да се донесе од надвор“ – вели Мирсад Јонуз.
==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МИРСАД ЈОНУЗ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
