Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, доби суспензија од четири натпревари откако заработи црвен картон на мечот против Виљареал поради влечење за коса на Нејтан Салиба.
По состанокот на судиската комисија на Ла Лига, беше одлучено Бразилецот да биде суспендиран на четири натпревари, што автоматски значи дека тој нема да настапи на најважниот првенствен дуел, „Ел Класико“.
Во извештајот на комисијата се наведува дека Винисиус е казнет по две основи. Напаѓачот доби казна од два натпревари за насилно однесување во ситуација што не вклучувала борба за топката. Според втората точка, тој доби суспензија од уште два натпревари поради острите протести кон главниот судија.
Реал Мадрид се обиде да издејствува намалување на казната за да може да смета на еден од своите најважни играчи на натпреварот против Барселона, но жалбата беше одбиена. „Ел Класико“ е закажано за 25 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
