„Кралски“ пресврт во Рим, ПСЖ го доби дербито со Сити (ВИДЕО)

Фудбалерите на актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен славеа со 2-4 против Манчестер сити во дербито на вечерта од второто коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Дезире Дуе во 13. минута. На 0-2 зголеми Усман Дембеле во 15. минута, а до крајот на првиот дел беше и 0-3 со погодокот на Витиња во 32. минута.

Во вториот дел Сити намали на 1-3 преку Ерлинг Халанд во 53. минута. На 1-4 зголеми Аклиуш во 62. минута, додека конечните 2-4 ги постави Халанд во 75. минута.

Manchester City 0 – [3] PSG – Vitinha 32'
byu/Lazy_Banana_1636 insoccer

Реал Мадрид стигна до победа над Рома од 3-4 во натпревар во кој до последните пет минути имаше негатива од 3-1. Рома поведе со 1-0 со голот на Де Рон во 20. минута, додека на 1-1 израмни Килијан Мбапе кој на овој меч стана најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој стигнал до 100 настапи. Дониел Мален кој со неговите два гола во 51. и 57. минута донесе водство од 3-1 за домаќинот. Суперзамената Еспи во 83. минута намали на 3-2, додека само две минути подоцна беше 3-3 со голот на Ендрик. Конечните 3-4 ги постави Рудигер во 90. минута.

 

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО ЛШ: 

РОМА – РЕАЛ МАДРИД 3-4

АСТОН ВИЛА – ФЕНЕРБАХЧЕ  6-0

БЕТИС – ПОРТО 3-2

БОДО ГЛИМТ – БОРУСИЈА Д. 1-0

МАНЧЕСТЕР С. – ПСЖ 2-4

ШАХТЈОР – АЕК 3-1

СЛОВАН Б. – ШТУТГАРТ 0-3

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...