Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден квалитетен натпревар во дресот на грчкиот клуб Арис, кој стигна до својата трета победа во рамките на Еврокупот. На натпреварот одигран во Солун, грчкиот состав славеше убедлив триумф над италијанска Тортона со 88-68.
Димитријевиќ на паркетот помина 23 минути во кои постигна 15 поени, надополнети со четири скока и три асистенции.
Македонскиот плејмејкер беше меѓу клучните играчи на средбата и заврши како трет најдобар стрелец за Арис, веднаш зад американското дуо Морган и Робинсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
