Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром го забележа и вториот пораз сезонава во ФИБА Еврокупот откако вечерва во 2. коло на домашен терен загуби од естонскиот Тарту со 92-95.
Гостите подобро го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа позитива од 17-24. МЗТ одигра подобро во вториот период, па на пауза меѓу двете полувремиња замина со негатива од 39-44.
Тарту го доби и третиот период, па пред последните пет минути имаше двоцифрена предност 62-72. Во последната четвртина тимот од Аеродром одигра одлично, па во последната минута влезе со негатива од само три поени 89-92, a на 30 секунди до крајот на мечот со тројката на Николиќ израмни на 92-92. Гостите возвратија на ист начин преку Пасоја за 92-95 на 14.5 секунди до крајот.
Металците не го искористија последниот напад, па Естонците стигнаа до голема победа. Димитрије Николиќ со 22 поени беше прво име во таборот на нашиот шампион, додека кај победникот Кит Палек заврши со 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
