Убав гест на Јамал, пред дуелот со Галатасарај му исполни желба на момче (ВИДЕО)

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, синоќа освен што ги воодушеви фановите со своите фудбалски квалитети, напреави убав гест и надвор од терените.

Пред натпреварот на „Рамс парк“ во Истанбул, вниманието на фановите им го привлече симпатична сцена.

Имено, за време на излегувањето на играчите на теренот пред почетокот на натпреварот, едно момче се обиде да ја искористи можноста и успеа во намерата.

Откако се најде во близина на Јамал, момчето му ја побара јакната, а ѕвездата на Барселона без приговор и со насмевка му ја исполни желбата.

 

 

 

 

 

Се вчитува...