Првиот човек на Независната комисија на Премиер лигата, Дејвид Коган, изјави дека одлуката во врска со жалбата на Манчестер Сити би можела да биде донесена следната година.
Минатиот месец комисијата го прогласи Манчестер сити за виновен по 114 од 115-те точки од обвинението за прекршување на финансиските правила на Премиерлигата.
Челниците на Манчестер сити, ги негираат обвиненијата и поднесоа жалба на одлуката на Комисијата.
„Премиер лигата изрази желба целиот случај да заврши во текот на сезонава. Секако, за тоа не може да одлучува сама Премиер лигата туку тоа е задача на Независната комисија на која ја сочинуваат тројца пензионирани судии и адвокати. Според правилата, целиот процес мора да биде завршен во рок 12 недели и сите претпоставуваат дека до средината на јануари би завршил процесот. ОД Манчестер сити тврдат дека имаат некаков доказ, некој скриен адут со кој ќе докажат дека не се виновни. Ние не треба да коментираме било што бидејќи тоа не е наша задача, но верувам дека исходот ќе го дознаеме на почетокот на следната година“, изјави Коган.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
