Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Никола Јокиќ, на стартот од подготовките најави дека ќе потпише нов договор со Денвер со кој би заработувал 80 милиони долари по сезона, американските медиуми пишуваат дека нема потврда дека такво нешто ќе се случи.
Новинарот на Атлетик“, Џон Холинџер смета дека нема никакви гаранции дека Јокиќ ќе си го одржи ветувањето. Причина за паника кај челниците е сомнежот на Јокиќ во квалитетот на екипата и можноста да се бори за титулата.
„Иако е најдобар во историјата на Денвер, и порача дека сака да остане и да потпише нов договор кој би тежел 360 милиони долари, во управата постои страв дека квалитетот на екипата може да го натера да размислува за други опции надвор од Денвер“, пишува Холинџер.
Договорот на Јокиќ истекува во 2028 година, со тоа што пред последната сезона може да го раскине предвреме договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
