Словенците го објавија списокот за мечот со Македонија: Без Шешко во Скопје!

По Македонија и Шкотска, и репрезентацијата на Словенија го објави списокот за последните два натпревари од Лигата на Нациите – Б Дивизија, и гостувањето против Македонија во Скопје на 16 ноември.

Селекторот на Словенија, Боштјан Цесар нема некои поголеми изненадувања, со повикан еден дебитант – фудбалеротт на Аталанта и соиграч на Елиф Елмас, Реља Орбиќ.

На списокот, како што беше и претходно веќе добро познато, ја нема најголемата нивна звезда, Бејнамин Шешко, кој се уште е повреден.

Се вчитува...