Еден од нашите најдобри фудбалски делегати Филип Поповски доби нова задача од комисијата за делегирање на УЕФА.
Тој на 5. ноември ќе биде делегат на мечот од третото коло во Конференциската лига меѓу дански Митјиланд и холандскиот клуб Ајакс. Во моментов на табелат во Конференциската лига, од 36 клуба, Ајакс се наоѓа на 13. место со една победа и еден пораз, додека Митлијанд е на 25. место со нерешен резултат и пораз.
Пред две недели Поповски беше делегат во Братислава на мечот во Лигата на шампиони меѓу Слован и Штутгарт.
Минатата недела судеше и Ива Пројковска во Лондон, во третото коло во Лигата на шампиони за жени. Таа беше главен судија на натпреварот мегу Арсенал и Бенфика (3-0). И помагаа Елена Соклевска-Илиевски и Александра Варгова од Словачка. Четврти судија беше Сабина Болиќ од Хрватска.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
