Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да слави на стартот од Мастерсот во Париз против Валентан Вашеро и тоа со пресврт. Ѓоковиќ го загуби првиот сет во тај-брејкот, но ги доби следните два и тоа со 7:5 и 6:1 за пласман во следната рунда.
„Да бидам иксрен очекував ваков меч. Вашеро сервираше одлично, знаев дека ќе имам малку шанси бидејќи сервира со брзина од 215,220 километри на час. Во првиот сет, направив грешка во тај-брејкот која многу ме чинеше, но се се сврте во моја корист во вториот сет. Откако направив брејк, почувствував дека имам поголеми шанси на неговиот сервис, го добив вториот сет и во третиот мислам дека одиграв баш добро“, изјави Ѓоковиќ по победата.
Тој потоа се пошегува на своја сметка и порача дека обожува да пронаоѓа начини како да победува.
„Не е лошо за еден старец. Луѓето велат дека сум стар, спор, но и јас и понатаму пронаоѓам начин да победам во вакви тешки мечеви. Тука сум и пронаоѓам начин да играм најдобро кога е најважно“, вели Ѓоковиќ.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе му биде Ринки Хиџиката кој во првото коло го совлада Италијанецот Дардери во два сета (6:2,6:2)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
