Фудбалската федерација на Шпанија ги одложи сите натпревари до викендот поради смртта на фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигел.
„Како знак на почит и солидарност по смртта на Хесус де Мигел, Фудбалската федерација на Шпанија одлучи да ја продолжи суспензијата на сите натпреварувања до шести ноември. Натпреварите од Купот на Шпанија во машка и во женска конкуренција кои беа закажани за оваа недела, се одложени“, стои во соопштението на Федерацијата.
Фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигел, почина утринава откако вчера за време на натпреварот против Андора, доживеа тешки повреди на главата и на градниот кош по судирот со противничкиот голман Хесус Овоно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
