Белец не може да биде заштитно лице на НБА!?

Минатогодинешниот најдобар дебитант во НБА-лигата, Купер Флаг, во својата втора година почна да предизвикува контроверзи – ни крив ни должен.

Неговата појава во НБА повторно ја покрена расправата за тоа кој може да биде заштитно лице на лигата, а поранешниот кошаркар Чарли Вилануева предизвика контроверзи со неговата изјава.

Вилануева гостувајќи во поткастот „To the Baha“ каде се зборуваше за можноста одличниот кошаркар на Далас маверикс во иднина да биде заштитно лице на НБА-лигата.

„Можеби ќе звучи лудо, но искрено, не мислам дека бело момче во 2026 година може да биде заштитно лице на лигата“, изјави Вилануева.

 

 

Неговата изјава предизвика експресна реакција на останатите гости, а поранешниот НБА-играч, Тео Пинсон, му одговори дека Флег не игра како типичен бел кошаркар.

Но, Вилануева не му остана должен.

„Затоа што ова е лига на црни кошаркари, зарем не“.

 

Во разговорот за тоа кој би можел да стане заштитно лице на НБА, Вилануева смета би можел да биде некој од европските кошаркари како Виктор Вембањама, Јанис Адетокумбо, како и „белците“ Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Се вчитува...