Одбојкарките на Работнички поразени од Кифисија и во реваншот од Челенџ купот

Одбојкарките на македонскиот шампион, Работнички Скопје го завршија настапот во Европа сезонава загубија и вториот реванш натпревар во Челенџ купот.

Работнички по поразот во првиот натпревар со 3:0 во сетови од Кифисија, вечерва македонскиот тим загуби и на реваншит кој се играше во Скопје. Повторно беше 0:3 за екипата на Кифисија и тоа 9:25,10:25,17:25.

Кариа Трифуновска имаше седум поени, а Ана Павлоска шест поени.

Шампионот сега комплетно ќе се насочи кон домашното првенство и одбраната на титулата.

Се вчитува...