Нојер го помина Меси, но дали ќе успее да го стигне и Роналдо

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, со денешниот старт за германскиот тим во дуелот против Атлетико Мадрид, го помина Лионел Меси на вечната листа по бројот на настапи во Лигата на шампионите.

Нојер вечерва го забележа 164 настап во ЛШ и го помина Лионел Меси кој со ПСЖ и со Барселона имаше 163 настапи.

Пред Нојер се само двајца фудбалери кои можеби нема да бидат престигнати. На второто место на вечната листа се наоѓа Икер Касиљас кој има 177 настапи, а прв е Кристијано Роналдо со 183 настапи во ЛШ.

Мануел Нојер пред почетокот на сезоната, најави дека оваа му е последна сезона во кариерата, доколку во меѓувреме не се премисли и остане уште една сезона во Баерн.

 

 

Се вчитува...