Оклахома го повлекува дресот на Вестбрук

Оклахома сити тандерс на свечена церемонија која ќе се одржи на седми февруари 2027 година, ќе го повлече од употреба дресот на Расел Вестбрук. По церемонијата, повеќе ниту еден кошаркар на Оклахома нема да може да носи дрес со бројот 0.

Неговиот дрес ќе биде втор кој се повлекува од употреба во Оклахома, претходно таа чест ја имаше Ник Колисон со неговата „четворка“.

Вестбрук во август годинава одлучи да стави крај на 18 години долгата кариера.

„Многу играчи оставаат белег, но само великаните оставаат наследство. Наследството на Расел Вестбрук е изградено на теренот и во заедницата. Неговиот менталитет беше непоколеблив, а посветеноста немаше граници. Поради тоа граѓаните на Оклахома го доживуваат како свој, а неговиот број засекогаш ќе биде кренат под сводовите во арената во Оклахома сити“, изјави генералниот менаџер на тимот, Сем Прести.

Вестбрук во сезоната 2016/17 носејќи го дресот на Оклахома, стана првиот кошаркар по Оскар Робертсон кој во регуларниот дел од сезоната имаше трипл-дабл просек по натпревар и беше прогласен за МВП на лигата.

Освен за Оклахома, Вестбрук играше и Хјустон, Вашингтон, ЛА Лејкерс, ЛА клиперс, Денвер и Сакраменто.

Се вчитува...