Фудбалерите на Манчестер Јунајтед конечно ја прекинаа лошата серија од девет натпревари без триумф и вечерва со пресврт во финишот, ја совладаа Рома со 3:2. Иако беа на прагот на пораз, по 17 минути имаа негатива од 0:2, со два гола во последните десетина минути, фудбалерите на Манчестер Јунајтед успеаја да победат.
Херој на „црвените ѓаволи“ е Матеус Куња кој за три минути постигна два гола, во 83-та и во 86 минута двапати ја тресеше мрежата на Васкез. Пресвртот го најави Бруно Фернандес со голот во 58-та минута од пенал.
Во дербито на вечерта, Баерн Минхен славеше на тешкото гостување во Мадрид кај Атлетико со 2:0. По мирното прво полувреме во кое баварција ја имаа иницијативата, но не успеаја да дадат гол, во второто „наплатија“ за добрата игра.
Во 54-та минута, Ленарт Карл го отвори резултатот, а Конрад Лаимер во 74-та минута ја потврди победата на германскиот шампион.
16:02 – Le Paris Saint-Germain vient d’établir le record de l’équipe la plus rapide à inscrire quatre buts en Ligue des Champions (16 minutes et 2 secondes).
Survol. https://t.co/9XDC7SHs7B
— OptaJean (@OptaJean) November 3, 2026
Европскиот шампион ПСЖ иако играше без неколку клучни фудбалери, го прегази Виљареал и тоа на „Керамика“ стадионот.
ПСЖ постигна четири гола за само 17 минути и постави рекорд во Лигата на шампионите.
Головите на Невеш, Дуе, Мајулу и Фуиз од деветтата до 17-та минута, се најбрзо постигнати четири голови во историјата на Лигата на шампионите.
Во вториот дел, ПСЖ даде уште два гола за убедлив триумф.
Барселона без проблеми со 3:0 ја совлада Астон вила, а со идентичен резултат, но како гостин Интер славеше против Феенорд.
Резултати: Атлетико Мадрид – Баерн Минхен 0:2, Барселона – Астон вила 3:0, Бодо – Лил 0:0, Феенорд – Интер 0:3, Ласк – Слован 4:0, Манчестер Јунајтед – Рома 3:2, Виљареал – ПСЖ 0:6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
