Батраков со два гола за три минути му донесе победа на Галатасарај (ВИДЕО)

Фудбалерите на Галатасарај ја остварија втората победа по ред во Лигата на шампионите, прва пред своите гледачи на „Рамс парк“.

Турскиот шампион во мечот од четвртото коло во ЛШ, со 2:0 го совлада Штутгарт и по претходната победа над Лил на гости, скокна на 14-та позиција на табелата со шест освоени бодови.

Галатасарај работата ја заврши за само три минути и тоа во првиот дел, а човек на одлука беше Алексеј Батраков.

Батраков прво во 12-та минута го отвори резултатот. Голот на Батраков може да го видите на следниот ЛИНК.

Само три минути подоцна со својот втор гол, предизвика нова ерупција од воодушевување на „Рамс Парк“. Голот може да го видите ТУКА.

Гостите во вториот дел постигнаа гол, но беше поништен поради офсајд.

На вториот натпревар од првиот термин за ЛШ, Спортинг со голот на Думбиа во 59-та минута, го совлада Шахтар со 0:1. Натпреварот се одигра на „Стемфорд бриџ“ во Лондон.

Се вчитува...