Шпанската полиција официјално покрена истрага за смртта на фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигел по кобниот судир со голманот на Андора, Хесус Овоно во финишот на меѓусебниот натпревар.
Хесус де Мигел, напаѓач на Тенерифе, подлегна на сериозните повреди што ги здоби за време на натпреварот против Андора а по кобниот судир со голманот на противничкиот тим, Хесус Овоно.
Фудбалерот роден во Мадрид мораше да биде итно префрлен со брза помош во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“ откако претрпе многу сериозен удар во последните минути од натпреварот, кој мораше да биде прекинат во 108. минута. Играчот остана на интензивна нега, каде што се бореше за живот. Но, не успеа да се избори за живот.
El jugador ha muerto.
Ahora ha de actuar la fiscalía. https://t.co/kD88raxKDY
— Cristian Campos (@crpandemonium) November 3, 2026
Полицијата, како што пренесуваат шпанските медиуми, сега ќе ги испита сите околности на несреќниот настан. Особено внимание ќе биде посветено на деталите од судирот, но и на утврдувањето на точната причина за смртта на фудбалерот. Клучно ќе биде да се утврди дали ударот што Овоно го зададе во пределот на градите има директна поврзаност со срцевиот застој што го доживеа Де Мигел.
Доколку истрагата утврди дека голманот постапил со сериозна небрежност и дека неговата интервенција директно ја предизвикала смртта, може да се соочи и со кривична одговорност за убиство од небрежност и затворска казна од една до четири години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
