Андротеа Милевска пред европски предизвик со ЧСМ Букурешт против грчки Панатинаикос

Македонската одбојкарска репрезентативка Андротеа Милевски утре со својот нов клуб, романскиот ЧСМ Букурешт ја очекува европскиот предизвик против грчки Панатинаикос во ЦЕВ Европскиот Челинџ куп.

Милевска, која од ова лето се пресели во романскиот суперлигаш, е пред европското деби со тимот од Букурешт откако претходно, поради повреда, го пропушти првиот натпревар од првото коло на гостувањето во Атина. Панатинаикос тогаш славеше на домашен терен со 3-0.

Андротеа Милевска

 

Сега Романките ќе бркаат негатива во желбата за продолжување на европската сцена. Милевска, се уште е под товар на повредата, која ја заработи за време на подготовките со тимот изминатиов период, но од клубот се надеваат дека ќе биде подготвена да помогне во обидот за европски успех.

Натпреварот меѓу ЧСМ Букурешт и Панатиниакос во рамките на ЦЕВ Европскиот Челинџ Куп се игра утре (4 ноември) со почеток од 15 часот во Букурешт.

Се вчитува...