Фенербахче со „своето“ дете на клупата ќе бара излез од кризата

Екипата на Фенербахче од денеска и официјално има нов тренер, тоа е поранешниот играч на овој тим, Емре Белозоглу.

Откако Исмаил Картал доби отказ поради славите игри на почетокот од сезоната, Холанѓанецот Дирк Кајт беше привремено решение кое не успеа да ја консолидира екипата и играта, па затоа управата го ангажираше Белозоглу.

„Да се ​​лее пот за дресот, да се води борба за овој грб, да се стои исправено во тешки времиња.. Да им се служи на овие бои е посветеност што доаѓа од срцето и никогаш не избледува, без разлика колку години ќе поминат. Како играч на теренот, како тренер покрај аут-линијата, Емре Белозоглу беше дел од оваа голема институција. Сега, како технички директор на нашиот Фенербахче, тој стои на чело во борбата за успехот на дресот. Да се ​​носи овој грб е прашање на гордост. Да му се служи е одговорност.Добредојде дома, Емре Белозоглу“, објави турскиот тим.

 

Емре Белозоглу веќе еднаш седеше на клупата на Фенербахче, во 2021 година и тогаш беше преодно решение. Потоа ги водеше екипите на Башакшехир, Ангарагучу, Анталија и Кашимпаша и сега повторно се враќа во својот тим.

Се вчитува...