Нова рана елиминација на Сабаленка

Белоруската тенисерка, Арина Сабаленка, доживеа нова рана елиминација. Сабаленка е елиминирана во второто коло на турнирот во Вухан, Кина, и тоа од Американката Ен Ли во три сета 3:6,6:4,7:6.

Мечот траеше два часа и 28 минути, а Сабаленка го освои првиот сет откако направи еден брејк.

Во вториот сет идентично сценарио, беше направен еден брејк, но овој пат од страна на Американката Ли.

Третиот сет беше решен во тај-брејкот каде Ли беше поконцентрирана во одлучувачките моменти и притоа ја искористи првата меч топка.

Сабаленка се наоѓа на второто место на ВТА ранг-листата, додека Ли е 31 тенисерка на светот.

Сабаленка претходно доживеа рана елиминација и на турнирот во Пекинг, а интересно е што ова и беше трет пораз во последните четири меча/

Се вчитува...