Барселона сезонава игра неверојатен фудбал, ги тероризираат противниците, на сите официјалните натпревари бележат само победи, но тренерот Ханси Флик, има замерка за неговите фудбалери.
Барселона синоќа со 4:1 го совлада Галатасарај на „Рамс парк“ во Истанбул, иако турскиот тим го отвори резултатот.
„ Во Лигата на шампионите, дури и кога играме добро, има моменти кога не носиме правилни одлуки во завршната третина од теренот, а тоа е нешто што треба да го подобриме. Сепак, да се игра на овој стадион и во оваа атмосфера воопшто не беше лесно, и исклучително сум задоволен од победата“, изјави тренерот Ханси Флик.
Тој го пофали тимот во целина, а не само Јамал кој имаше две асистенции.
„Среќен сум што имам таков играч во составот, но на крајот на краиштата, на располагање имам неколку фудбалери кои играат на врвно ниво. Тие вршат одлична работа на секоја позиција. Разбирам дека сите погледи се вперени кон Ламин, бидејќи тој е нашата ѕвезда, но за мене најважно е тимот да победува“, вели Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
