Младите фудбалери на АП Брера триумфираа убедливо со 8-0 против Санта Колома во реваншот од 1.квалификациско коло во младинската Лига на Шампионите.
На дуелот кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, извонреден во редовите на македонскиот шампион беше Шириќ кој постигна хет-трик, а стрелци беа и Сејменов, Василев, Ристов и Тренов. Па, со вкупни 11-0 Брера се пласираше во второто коло каде ја чека двомеч со младинскиот тим на Хофенхајм.
Брера е првиот клуб од Македонија кој успеал да мине едно коло во квалификациите во младинската ЛШ.
Тренерот Ѓорѓи Стојчев мечот го почна со: Трајков, Василев, Танчев, Димовски, Ѓорѓиев, Талески, Велков, Ристов, Танчев, Шириќ, Сејменов, а настапија уште и Милев, Стојанов, Тренов, Бучков и Кулески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
