Фудбалерите на Работнички остварија убедлив триумф над Вардар Неготино и го затворија списокот на учесници во осминафиналето во Купот на Македонија.
„Романтичарите“ со високи 8:0 славеа над Вардар Неготино и тоа како гости. Во листата на стрелци, Богдановски и Ганиу се запишаа по двапати, а по еден гол дадоа Затуроски, Алили, Подграѓа и Хасиќ.
Претходно пласман во осминафиналето во Купот на Македонија обезбедија екипите на Струга ТЛ, Пелистер, Брера Струмица, Македонија ЃП, Вардар, Башкими, Каменица Саса, Брегалница, Скопје, Шкендија, Новаци, Беласица, Арсими, Тиквеш и Силекс, кој во ова натпреварување влегува како бранител на трофејот од минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
