Проблеми за Лејкерси пред стартот на сезоната

Екипата на ЛА Лејкерс новата сезона во НБА-лигата најверојатно ќе ја започне без Колин Секстон кој има повреда на потколеницата.

Според последните информации, нема гаранции дека Секстон би бил подготвен за стартот на сезоната кога Лејкерси својот прв натпревар ќе го играат на 21 октомври против Голден стејт вориорс.

Бекот присуствувал на последниот тренинг на екипата, но упатил само неколку шутеви кон кошот по што се повлекол и од клупата го следел остаток од тренингот.

Колин Секстон изминатото лето потпиша за ЛА Лејкерс, откако минатата сезона ја помина во Шарлот и Чикаго каде на 68 натпревари имаше просек од 15.4 поени и 3.3. асистенции.

Се вчитува...