Ливерпул со „тениски“ триумф над ЛАСК, Феенорд подобар од Комо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул ја забележаа и втората победа во Лигата на шампионите откако вечерва славеа на гостувањето кај австриски ЛАСК Линц со 3-6 во меч од 2. коло од новата сезона во елитата.

Гостите водеа со 0-4 со погодоците на Араухо, Баркола на двапати и Фримпонг. Домаќините намалија на 1-4 преку Љубичиќ во 63. минута. Три минути подоцна Баркола стигна и до хет-трик за 1-5, додека на 1-6 зголеми Кумас. Флекер со неговите два гола во 74. и 77. минута ги постави конечните 3-6.

LASK 1 – [5] Liverpool – B. Barcola 66'
byu/eliseihado insoccer

Во вториот натпревар од програмата од 18.45 часот Феенорд славеше над Комо со 3-2.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...