Долго ќе се говори за пресвртот на Реал Мадрид во Рим, откако „кралевите“ до 83. минута губа со 3-1 од Рома, но на крајот успеаја да триумфираат со 3-4.
За одбележување е одлуката на Жозе Мурињо да го повлече од игра Винисиус по новата потпросечна партија на Бразилецот. Тој беше заменет во 58. минута со сонародникот Ендрик, Винисиус беше видно исфрустриран од тренерската одлука, која се покажа маестрална откако токму Ендрик го постигна погодокот за 3-3.
Претходно, вториот гол за Реал го постигна Еспи, кој исто така влезе во второто полувреме, на местото на Диоманде.
На Реал дефинитивно подобро му оди кога Вини не е во тимот, останува да се види дали тоа ќе биде случај и на следните пресметки во Ла Лига ако се знае дека бразилскиот голгетер беше суспендиран на четири меча по црвениот картон заработене минатиот викенд против Виљареал.
🚨😡 VINICIUS JR EXPLOSE DE COLÈRE APRÈS SON REMPLACEMENT ! 🤍💥
@footnews81 https://t.co/3u0jZYfATW— footnews ⚽️🏅 (@footnews81) October 14, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
