Јошко Миленкоски официјално претставен како селектор на Турција

Поранешниот селекторт на македонската одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски од денес и официјално е назначен за предводник за турскиот машки национален тим. Македонскиот стратег ќе се задржи на оваа позиција во наредните четири години со што се исклучува можноста дека во скоро време ќе се врати на кормилото на македонската репрезентација.

„Турската одбојкарска репрезентација е една од најпрестижните во Европа. Многу сум среќен што ја добив оваа шанса. По шест години минати во одбојкарската турска лига горд сум што ќе го водам и националниот тим. Ветувам дека ќе ги оправдам очекувањата на турската одбојкарска федерација“ – истакна Миленкоски при официјалното претставување во просториите на Турската одбојкарска федерација.

josko selektor1

josko selektor

 

Се вчитува...