Јошко Петковиќ: Во Пелистер ќе има одредени промени

Пелистер на гостувањето во Охрид го претрпе првиот пораз по победничката серија откако на клупата дојде Јошко Петковиќ. По тензичниот натпревар со пресврти, жестоки дуели, исклучувања и картони, Петковиќ ги сумираше впечатоците истакнувајќи дека целта на Пелистер е пласман во плеј-офот и најави дека ќе има измени во тимот што го наследи кога дојде во Битола.

„ Ова е само еден обичен натпревар што доаѓа и поминува. Луѓето се радуваат, победија и тоа е нивно право. Во суштина, јас не сум задоволен со одредени работи. Но, не е ни тоа проблем, јас ќе го решам во догледно време. Очигледно е дека оваа група сега што ја имам ќе претрпи одредени промени. За нас е најбитно и нас не интересира само тоа да се пласираме во плеј-офот и сигурен сум дека ќе го оствариме тоа“ – истакна Јошко Петковиќ.

Првиот чекор е повлечен денеска, со одлуката на Петковиќ да се откаже од иранскиот пивот Карамиан, кој не ги оправда очекувањата на битолскиот клуб.

По првите девет кола во македонската Супер лига, Пелистер има шест победи и три порази и моментно е на 5.место на табелата.

Се вчитува...