Јосип Иличиќ се врати во Словенија и потпиша за Марибор

Поранешниот словенечки репрезентативец Јосип Иличиќ потпиша тригодишен договор со Марибор. Овој трансфер е големо изненадување, со оглед на фактот дека неочекувано замина од Аталанта летото. Некои информации говореа дека ќе има нов клуб во Италија, а некои дека ќе се откаже од фудбалот, па на крајот се реши да се врати во својата земја.

Иличиќ практично се враќа во Марибор каде што беше кратко во 2010 година, а потоа замина во 12-годишна „авантура“ во Италија.

Крилото на словенечката репрезентација пред две години беше на врвот на формата, и за него имаше интерес од неколку клубови, но потоа му се случија приватни проблеми, па беше дури и пред бркање од Аталанта. Сепак, остана во италијанскиот тим и минатата сезона, но пред почетокот на оваа разделбата беше неминовна.

Со Иличиќ, Марибор добива големо засилување за да ја врати старата слава и пласманот во групната фаза во ЛШ кој го чека од 2017 година.

Се вчитува...