Јотовски во финалето на фјучерсот во Грузија

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски се пласира во финалето на фјучерс-турнирот во Телави (Грузија). Тој го совлада Боливиецот Федерико Себалјос, инаку втор носител на турнирот, со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

Јотовски во финалниот меч кој ќе се одигра утре, ќе ги одмери силите со шпанскиот тенисер Голјермо Оласо. Наградниот фонд на овој турнир во Телави изнесува 15.000 американски долари.

Се вчитува...