Кошаркарите на КК Соколи 1993 од Штип, утре ги започнуваат подготовките за новата сезона, предводени од новиот тренер Марјан Србиновски.
Со засилен состав, нови репрезентативци и странски играчи, клубот влегува во сезоната со голема мотив и највисоки амбиции во Суперлигата.
Во насока на комплетирање на ростерот, штипјани се засилуваат и со искусниот македонски бек Јован Александровски кој пристигнува да донесе енергија, борбеност и квалитет на двете страни од теренот.
Александровски досега има настапувано за Работнички, Чаир 2030 и Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
