Јован Манев со победничка „петарда“ на дебито за Адана Демирспор

Македонскиот стопер Јован Манев, имаше одлично деби на официјален натпревар за Адана Демирспор. Турскиот тим триумфираше над Адијаман во турскиот Куп со убедливи 5-0.

Манев беше во стартниот тим на Адана, за првпат на официјален натпревар откако летоска од Брегалница се пресели во турскиот прволигаш.

Тој ги одигра сите 90. минути за тимот.

И младинскиот репрезентативец Арда Курталан, кој исто така е дел од овој тим, за првпат сезонава стартуваше во првиот тим на Адана.

Се вчитува...