Ракометната репрезентативка на Македонија, Јована Кипријановска во новата година ќе ја промени средината и ќе настапува во полскиот шампионат. Таа си замина од унгарскиот Сомбатељ и потпиша договор со полскиот Рух Калиш.
Кипријановска кариерата ја почна во Куманово, од каде премина во францускиот Самбр Авенуа, пред летово да се пресели во Сомбатељ.
„Среќна сум што ќе бидам дел од Рух Калиш. Од првиот ден чувствувам поддршка и позитивна енергија во клубот. Верувам дека имаме голем потенцијал и дека заедно можеме да победиме на многу натпревари. Калиш е место каде што сакам да се развивам, да ги искористам можностите и да му помогнам на тимот во остварувањето на целите“, изјави Кипријановска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

