Јовановски: Некои веќе не прежалија…, но ние веруваме во успех против Хонвед

Работнички е подготвен за почетокот на новиот свој европски предизвик. Позитивно е расположението во таборот на „романтичарите“ пред утрешниот натпревар со унгарскиот Хонвед во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа, без разлика на незадоволителните резултати низ подготвителниот период.

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Ѓоре Јовановски верува дека неговиот тим може да го мине почетното коло во Европа иако, според многумина, македонскиот состав е веќе прежален во оваа пресметка…

„Кога ни падна Хонвед можеби многумина и не прежалија. Но, искрено се надевам дека ќе успееме. Го респектираме противникот, но веруваме и во своите квалитети. Најважно е ние како ќе одиграме, иако секако добро го анализиравме Хонвед. Мислам дека имаме реални шанси да одиме понатаму. Има 180 минути игра во која многу нешта ќе одлучуваат. На теренот ќе се каже се!“ – истакна Јовановски на прес-конференцијата пред утрешниот дуел.

Првиот натпревар од двојната пресметка меѓу Работнички и Хонвед се игра утре од 17:30 часот на игралиштетот на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“ во Скопје. Реваншот е на 17. јули во Будимпешта.

Се вчитува...