Јовиќ повлече нога, уште еден млад ас на Реал бара трансфер

Лука Јовиќ си замина од Реал на позајмица во Ајнтрахт и веднаш блесна, а сега по стапките на српскиот голгетер тргна и Мартин Одегард, кој поднел барање за трансфер од „кралскиот клуб“. Норвешкиот плејмејкер доби неколку шанси на стартот од сезонава, но оттогаш остана закован на клупата за резерви. Слично како и во случајот на Јовиќ, јасно е дека Зидан не смета сериозно на овој млад фудбалер, па токму поради тоа е поднесено и барањето за трансфер до клупските директори.

Реал не сака да го продаде големиот талент, но можна опција е заминување на позајмица до крајот на сезонава. Одегард лани прикажуваше одлични настапи во дресот на Реал Сосиедад кои беа препорака да биде вратен во Мадрид, но јасно е дека овој „бисер“ не влегува во плановите на Зидан.

Неколку екипи од Шпанија покажаа интерес за позајмица на овој фудбалер, но не се исклучува ниту опцијата за преселба во Премиерлигата.

Се вчитува...