Јовиќ: Значајна победа за нас и за нашата самодоверба

Металург ја искористи шансата против преполовениот Мешков Брест и со сигурна игра во второто полувреме стигна до шестата победа во СЕХА лигата. Иако победата не менува многу во однос на пласманот на Металург на две кола пред крај на сезоната во регионалното натпреварување, сепак, како што истакна тренерот Александар Јовиќ, овој триумф е важен за самодовербата на младиот состав на металурзи.

Без разлика на околностите, ова е значајна победа за нас и за нашата самодоверба. Очигледно е дека концентрацијата ни е малку падната и играчите на моменти прават почетнички грешки. Што се однесува до овој меч, имавме лошо прво полувреме и само една одбрана од голманите. Нападот беше добар и дисциплиниран. Креиравме чисти шанси и имавме висок процент на реализација. Во вториот дел ја подобривме одбраната, почнаа да бранат и голманите, успеавме да се одлепиме и ја држевме предноста до крај“ – изјави тренерот  на Металург, Александар Јовиќ.

Во последните два натпревари од оваа сезона во СЕХА лигата, Металург на 14 март му гостува на Татран Прешов, а завршува со Целје на домашен терен на 18 март.

Се вчитува...