Јубилеј на Несторовски – 100 натпревари во Серија „А“

Вчерашниот меч против Наполи во Неапол, беше јубилејниот 100-ти за Илија Несторовски во Серија „А“. Играчот на Удинезе влезе од клупата за резерви, и  постигна гол за 3-1, а потоа неговиот тим стигна и до 3-2, но не успеа да стигне барем до бод.

Несторовски претходно во италијанската Серија „А“ играше во дресот на Палермо, а потоа замина во Удинезе во 2019 година. На почетокот на сезонава го продолжи договорот на уште една сезона.

Македонскиот репрезентативец имаше и долга пауза лани поради тешка повреда, а сега се врати и во националниот тим откако Благоја Милевски го повика за пријателските дуели со Финска и со Азербејџан.

Се вчитува...