ЈУБИЛЕЈ: Столе Димитриевски по 50-ти пат ќе ја „брани“ Македонија!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, вечерва по јубилеен 50-ти пат ќе го чува голот на Македонија. Димитриевски подобар момент за неговата 50-ка во кариерата и да посакаше, не можеше да добие, во дуел против големата Германија.

Димитриевски своето деби за националниот тим го имаше во 2017 година на пријателскиот дуел со Белорусија (3:0), и до сега 49 пати го носеше дресот на репрезентацијата. Од тој меч е незаменлив меѓу диреците, а беше еден од најдобрите голмани на Европското првенство.

Не е тешко да се погоди дека и вечерва ќе стартува против Германија, а на 50-тиот јубилеј му посакуваме чиста мрежа и победа на Македонија.

Се вчитува...