Јубилејното 100. дерби во Хрватска во знакот на Македонците: Голови за Адеми и Атанасов, асистенција на Ристовски, победа на Динамо

Јубилејното 100. дерби во хрватскиот шампионат меѓу Динамо Загреб и Хајдук во знакот на македонските репрезентативци.

Динамо Загреб славеше со убедливи 4-1 благодарение на извонредното второ полувреме, а во кое Аријан Адеми го постигна вториот гол за водство од 2-1 на „модрите“ во 64. минута а Стефан Ристовски, пак, во 84. минута одлично му асистираше на Гојак за голот за 3-1.

Претходно, Јани Атанасов со феноменалниот погодок во последните секунди од првото полувреме донесе водство за Хајдук од 0-1, но очигледно само ги налути домашните на крајот на „Максимир“ да слават убедлива победа.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб, Адеми одигра 75 минути, а Атанасов во дресот на Хајдук одигра 60 минути.

Се вчитува...