Јуфо го напушти Пелистер и се врати во Бразил

Пелистер во пролетниот дел од сезоната ќе биде без услугите на Виктор Јуфо. Фудбалерот од средниот ред се врати дома во Бразил и потпиша со Афогадос, член на 4-тата бразилска лига.

Јуфо беше еден од забележителните играчи на битолчани, кои се најсериозни кандидати за испаѓање со оглед дека се на дното на табелата.

Од екипата се очекува да заминат уште неколку играчи, а ќе бидат ангажирани и неколку нови имиња. Единствена утеха за Пелистер може да биде Купот, во кој битолчани обезбедија пласман во полуфиналето.

Се вчитува...