Македонскиот стратег Југослав Тренчовски ќе биде нов шеф на стручниот штаб на словенечкиот гигант Олимпија Љубљана. Струмичанецот седнува на клупата на популарните „змајчеки“ како замена за Мишо Бречко, кој денеска и официјално доби отказ по серијата променливи резултати на стартот од новата сезона.
Тренчовски минатата сезона остави одличен впечаток предводејќи го тимот на Радомље, кој под негова палка стана вистински хит во словенечкото првенство. Пред него сега се соочува нов, голем предизвик, борба за трофеи со еден од најголемите клубови во земјата.
Дополнителен мотив за македонскиот стручњак ќе биде и соработката со македонскиот интернационалец Димитар Митровски, кој веќе со успех настапува за тимот од Љубљана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
