Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски би можел да ја продолжи својата кариера во словенечкиот шампионат, откако тамошните медиуми го понудија како еден од најсериозните кандидати за клупата на Олимпија Љубљана.
Тимот од престолнината неодамна му врачи отказ на досегашниот предводник Федерико Бесоне по резултатски лошата сезона и неисполнетите амбиции, па сега е во потрага по нов шеф на стручниот штаб. Според информациите од Словенија, Тренчовски се наоѓа високо на листата со желби на раководството на клубот, иако официјални преговори се уште не се започнати.
Тренчовски зад себе има успешна сезона со тимот на Радомље, соработка која официјално прекина минатата недела. Искусниот македонски стручњак, кој е еден од основачите и долгогодишен тренер на Академија Пандев (сегашна Брера), во изминатите неколку години изгради богата интернационална кариера работејќи во Кувајт, Саудиска Арабија и Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
