Јунајтед без четирите главни напаѓачи против Челси

Манчестер јунајтед ќе биде значително ослабен за вечерашниот четвртфинален натпревар од ФА Купот против Челси, откако Жозе Мурињо остана без четворицата главни напаѓачи токму пред мечот со својот поранешен клуб.

Како што е веќе познто, Златан Ибрахимовиќ поради суспензија нема да настапи на оваа средба, а дополнителен проблем е што Вејн Руни настрадал на последниот тренинг при еден дуел со Фил Џонс, па исто така нема да може да игра против лидерот на премиерлигашката табела. Згора на тоа, на повреда се жали и Марсијал, додека Маркус Рашфорд е болен, така што „ѓаволите“ дефинитивно ќе имаат огромни проблеми во играта во напад против една од најдобрите одбрани во Англија.

На спротивната страна, Челси ќе биде комплетен за овој натпревар, па нападот на „сините“ на „Стемфорд бриџ“ ќе биде предводен од Диего Коста, Азар и Педро.

Се вчитува...